Oд 22 часот денес се одигра натпреварот од шпанскиот клуб помеѓу Севиља и Барселона, на крајот победата ја однесоа Каталонците.
Барселона го освои првиот трофеј во новата сезона, славеше против Севиља со 2:1.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Севиља се покажа како тежок противник, но на крајот не издржа. Сарабиа ја погоди мрежата на Тер Штеген уште во деветата минута. Барселона до изедначување стигна во финишот од полувремето во 42 минута, после еден слободен удар на Меси, топката во мрежата на Севиља ја смести Жерар Пике.
Во вторите 45 минута за поголеми возбудувања го чекавме финишот на натпревар.
Човекот кој ова лето многу се поврзува со заминување од Барселона, Осман Дембеле постигна фантастичен погодок на десетина минути пред крајот на натпреварот.
Севиља доби голема прилика во 90-та минута да го одведе натпреварот во продолженија. Најстрога казна изнуди довчерашниот играч на Барселона Алеш Видал, но Тер Штеген го одбрани ударот на Бен Једер и го донесе првиот трофеј во новата сезона.
За Барселона ова беше 13-ти трофеј во клупската историја.