Во овие моменти изгледа сосема реално.
Од поодамна е познато дека Муса Дембеле е спремен за промена на средината.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Репрезентативецот на Белгија има уште една година од договорот со Тотенхем и се по извесно е дека ќе ја промени средината, се споменуваше можноста кариерата да ја продолжи во Кина, но сега во прв план се истакнуваат понудите од Серија А.
За неговите услуги сериозен интерес покажува Интер, тука беше и Јувентус, но „старата дама“ сега целото внимание го насочи кон Кристиано Роналдо.
Интер има идеја да Дембеле да игра во средината заедно со Наинголан, со што сметаат дека би создале конкурентен тим како во Серија А, така и во Лигата на шампионите каде што се враќаат после пауза од шест години.
Од друга страна, Тотенхем, наводно веќе има спремно замена и од редовите на Пари Сен Жермен – Адриен Рабиот.