Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси, наводно е против тоа Жерар Делофеу да се врати во каталонскиот клуб.
Делофеу последните две години ги помина во Евертон кој го испрати на позајмица во Милан и сега е се поизвесно дека нема остане на „Гудисон парк“ и дека ќе се врати на „Камп Ноу“.
Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
Новиот тренер на Каталонците, Ернесто Валверде е спремен да ја активира откупната клазула од 10.5 милиони фунти и да го врати Делофеу, но тоа не му се допадна на Лионел Меси.
Според пишувањето на „Дон Балон“ Меси е против тоа Делофеу да се врати, туку сака клубот да доведе некој од Хектор Белерин и Марко Верати.
Делофеу во Евертон премина во 2015 година за 4.2 милиони фунти, а во овој момент се наоѓа во Полска со репрезентацијата на Шпанија до 21 година со која ќе игра во полуфиналето на Европското првенство.