Дома Фудбал Лига на шампиони „Делии“ фрлија дамка во дуелот со европскиот шампион: Скандираа „Косово е Србија“ и ја прекинаа минутата молк

„Делии“ фрлија дамка во дуелот со европскиот шампион: Скандираа „Косово е Србија“ и ја прекинаа минутата молк

Тимот на Црвена Звезда храбро се носеше во вчерашниот дуел против европскиот шампион Манчестер Сити и на крајот запиша пораз од 1:3, а имаа и водство по првото полувреме, но брзо го испуштија во вториот дел.

Но, забележана беше и една дамка на натпреварот од гостинските навивачи кои во Манчестер ги имаше околу 1.000. Навивачите на Звезда не ја испочитуваа минутата молк во знак на почит на настраданите од земјотресот во Мароко и поплавите во Либија и скандираа „Косово е Србија“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од поодамна „ Делии“ се на мета на УЕФА поради ваквите случувања на натпреварите, па и сега нема да биде изненадување ако Звезда заработи некоја санкција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Перез: Да не беа Намгија, Уганда, Албанија и Финска, Винисиус ќе ја добиеше „Златна топка“

Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез зборуваше за „Златната топка“ која заврши во…