Мики Киеменеј, девојката на ѕвездата на Барселона, Френки де Јонг, ги „пецна“ навивачите на Манчестер Јунајтед, кои преку Инстаграм ја прашаа кога холандскиот фудбалер, конечно, ќе пристигне на „Олд Трафорд“.
Де Јонг минатото лето беше голема желба на Манчестер Јунајтед и на тренерот Де Јонг, кој испрати неколку богати понуди за неговиот потпис.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сагата околу трансферот траеше цело лето, но на крајот Де Јонг одлучи да остане во Барселона.
Сепак, шпекулациите околу 25-годишниот Де Јонг не престанаа, и кога еден напорен навивач ја праша Мики кога тој ќе дојде на „Олд Трафорд“, таа му го посочи 23 февруари.
Тогаш Барселона му гостува на Манчестер Јунајтед во реванш дуелот од Лига Европа.