Дома Македонски спорт Дебакл: Футсал репрезентацијата поразена со 9:1

Дебакл: Футсал репрезентацијата поразена со 9:1

Футсал репрезентацијата на Македонија во последното коло во натпреварот против Романија загуби катастрофално со резултат 9:1.

Како што може да се заклучи и од резултатот мечот помина во целосна доминација на Романија, Македонија настапи без стандардните репрезентативци со оглед дека натпреварот немаше некое резултатско значење.

За Романија ги постигнаа: Филипе Оливеира (3), Рибеиро (2), Валарадеш (2), по еднаш во листата на стрелци се запишаа Фереира и Шоч. Стрелец на голот за Македонија беше Петровиќ.

Македонија групата ја заврши без победа со две нерешени и четири порази на последната позиција. За Романците кои се пред нас ова беше прв триумф. На првите две позициции се Босна и Србија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Сити се уште во трката за потписот на Меси, познати деталите!

Можноста Манчестер Сити да го привлече Лионел Меси се уште е актуелна, пренесуваат медиуми…