Дома Македонски спорт Дебакл на женската фудбалска репрезентација: Северна Ирска ни даде 11 гола

Дебакл на женската фудбалска репрезентација: Северна Ирска ни даде 11 гола

Женската фудбалска репрезентација на Македонија денес доживеа вистински дебакл во натпреварот против Северна Ирска одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Избраницичките на Кирил Изов го добија натпреварот со огромни 0:11. Се беше јасно уште на самиот старт затоа што гостите по 15 минути игра имаа веќе 0:4, а до крајот на полувремето постигнаа дури седум гола. Гостинките имаа и еден промашен пенал.

На теренот постоеше само една репрезентација се редеа шанси пред голот на Лековска која и забележа по некоја добра интервенција и покрај 11 примени гола. Треба да се спомене дека кај нас недостасуваа некои од најважните фудбалерки како Рочи и Андонова, сепак јасно е дека поразот е преголем.

Ова е најубедливиот пораз на женската фудбалска репрезентација во овој циклус на квалификациите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Анчелоти: Нашата цел е да играме финале во ЛШ

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анечелоти зборуваше на пресконференција пред утешниот меч с…