Дома Фудбал Останато Две шпанско-италијански пресметки во осминафиналето од Лигата на Европа!

Две шпанско-италијански пресметки во осминафиналето од Лигата на Европа!

Денес беше одржан ждребот за осминафиналето во Лигата на Европа и таа донесе некои интересни дуели.

Најмногу внимание привлекуваат двете шпанско италијанските пресметки. Интер ќе игра против сезонава одличниот Гетафе кој изненадува со позицијата во Ла Лига, а еве се избори и за осминафинале во второто по ранг натпреварување во Ервопа. Во втората шпанско-италијанска пресметка силите ќе ги одмерат Севиља и Рома, кој на хартија е означен како дерби на осминафиналето.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед за четвртфинале ќе игра против ЛАСК Линц, германски Леверкузен ќе се сретне со Стивен Џерард и Ренџерс. Базел ќе го чека победникот од одложениот натпревар помеѓу Ајнтрахт и Салзбург.

Натпреварите од осминафиналето се играат на 12. и 19. март.

ПАРОВИ ЗА ОСМИНАФИНАЛЕТО

Истанбул Башахшехир – Копенхаген

Олимпијакос – Вулверхемптон

Глазгов Ренџерс – Баер Леверкузен

Волфсбург – Шахтер

Интер – Гетафе

Севилја – Рома

Анјтрахт/Салзбург – Базел

ЛАСК Линц – Манчестер јунајтед

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Луис Диаз ја даде „зелено светло“ на новиот клуб, Барселона повторно остана без засилување

Сите во Барселона очекуваа дека клубот ќе го заврши доведувањето на Нико Вилијамс од Атлет…