Дома Трансфер зона Да не е премногу? ПСЖ ја одреди цената за Кавани

Да не е премногу? ПСЖ ја одреди цената за Кавани

Едисон Кавани во февруари ќе наполни 33 години, а летоска му истекува договорот со ПСЖ.

Меѓу играчите кои можат да преговараат со други клубови без дозвола од сегашниот е и Единсон Кавани. Атлетико Мадрид засега покажува најголем интерес.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Клубот од Мадрид веќе постигнал договор со уругвајскиот напаѓач и целта на Јорганџиите е да го ангажираат уште во јануари, но тоа нема да биде така лесно.

ПСЖ ја процени вредноста на Кавани и цената на играчот кој за неколку недели ќе наполни 33 години е 30 милиони евра.

Марка пишува дека Атлетико за искусниот напаѓач нуди 10 милиони евра, а претседателот на клубот веќе отпатувал во Париз на преговори.

Кавани веќе одлучи кариерата да ја продолжи во Атлетико. Само прашање е дали ќе ја промени средината во наредните денови или на лето.

Инаку, Уругваецот е член на ПСЖ од 2013 година. Тогаш тимот од Париз на Наполи му плати 65 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Анчелоти прв разбра каков товар го чека Модриќ, го замоли Перез и доби ладен одговор: “Не!”

Карло Анчелоти се соочува со потенцијално отпуштање од клупата на Реал Мадрид и неговото з…