Дома Останати Ракомет Данскиот судија призна: Ја оштетив Хрватска, не спиев цела вечер

Данскиот судија призна: Ја оштетив Хрватска, не спиев цела вечер

Данските судии Гединг и Хансен важат за една од најдобрите судиски двојки во светот, но сепак тие погрешија и ја оштетија Хрватска против Германија.

Во текот на вчерашниот ден Гединг за националната телевизија на Данска покажа доблест и ја призна грешката.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Ракометарот во одбрана треба да стои мирно и ако напаѓачот удри во него тогаш е пробивање. Да признаам тој дуел не беше таков, од прегледувањето на снимката видов дека погрешив. Таа моја одлука имаше големо влијание на конечниот исход. Не спиев цела вечер и жалам што во таков важен момент погрешив“, изјави Гединг.

Ова веројатно значи дека данските судии нема да судат во продолжение од првенството, додека пак Червар нема да добие казна за критиките кои ги испрати после натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардар го прегази Тиквеш и се „загреа“ за дербито против Пелистер

Ракометарите на Вардар во натпреварот одигран во малата сала на спортскиот центар „Јане Са…