Од данска пристигнуваат изненадувачки вести, Микел Хансен одлучил да земе одмор во текот на сред сезона поради преголемиот стрес кој го чувствувал.
До пред десетина дена Хансен со Данска играше на Светското првенство кое Данците го освоија третпат во низа. Се очекуваше да го предводи Алборг во вториот дел од сезоната, но тоа нема да биде случај.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Хансен одлуката ја донел по консултации со медицинските лица и неговото семејство.
„Микел имаше хаотична година. Прво се соочи со сериозни здравствени проблеми во пролетта 2022 година, па потоа по 10 успешни години во странство се вратив во Данска каде што цело време беше во центарот на вниманието.
Чувстува преголем стрест, па заеднички со клубот и ракометарот донесовме одлука тој да помине одредено време надвор од терените и да ја добие потребната помош. Ја замолуваме јавноста да покаже разбирање за Хансен и неговото семејство“, објави Алборг.