Вчера вечер пристигнаа шокантни информации од Франција, еден од најдобрите ракометари на денешницата, но и во историјата ќе мора да паузира шест месеци поради сериозни здравствени проблеми.
Сезоната Хансен ја завршува порано поради емболија на белите дробови и проблем со долните екстремитети. Позитивно во целата е ситуација е што клубот потврди дека Данецот е надвор од животна опасност.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ќе потсетиме од наредната сезона Хансен треба да продолжи во редовите на Алборг, ова значи дека заврши со настапите во француските тим. Дел од данските и француските медиуми наведуваат дека се доведува во прашање и целата кариера на Хансен, но такви информации засега се уште не се потврдени.