Дома Останати Ракомет И оваа сезона продолжи „проклетството“ на Микел Хансен

И оваа сезона продолжи „проклетството“ на Микел Хансен

За титулата во ракометната Лига на шампиони ќе се борат Веспрам, Киелце, Кил и Барселона, а на завршниот турнир ќе го нема ПСЖ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


ПСЖ загуби од Кил во најинтересниот четвртфинален дуел откако на вториот меч загуби со резултат 33:32. Со испаѓањето на ПСЖ се продолжи и „проклетството“ на Микел Хансен кој се уште ќе чека на трофеј во најелитното европско натпреварување.

Во изминатите десет години Хансен настапуваше за два великани на светскиот ракомет, Барселона и ПСЖ, но не успеа да дојде до титулата во Лигата на шампиони. Две години беше дел од Барселона, а потоа осум во ПСЖ.

Искусниот ракометар со данската репрезентација има бројни награди, има освоено се што може да се освои, но очигледно нема среќа во ракометната Лига на шампиони.

Инаку, Хансен, кој моментално се опоравува од повредата, од следната сезона ќе настапува за дански Алборг, па останува да се види дали со данскиот клуб конечно ќе дојде до овој трофеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Бранислав Ангеловски се врати во Пелистер!

Поранешниот македонски репрезентативец Бранислав Ангеловски повторно се враќа во редовите …