Дома Фудбал Останато Дани Алвеш останува во затвор

Дани Алвеш останува во затвор

Судот во Барселона ја одби жалбата на Дани Алвеш и одлучи Бразилецот да остане во истражен притвор без кауција до неговото судење.

Тој е обвинет за силување на 23-годишна девојка во еден од тоалетите на ноќен клуб во Барселона на 30 декември 2022 година.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Правниот тим на Дани Алвеш понудил неколку мерки како предавање на пасошот, носење на електронска нараквица за да биде што подалеку од жртвата, да плати било каква кауција, па дури и секој ден да се појавува на суд.

Сепак судијата смета дека Дани Алвеш е доволно економски моќен во секој момент да ја напушти Шпанија и ја одбил жалбата.

Алвеш е во истражниот затвор веќе еден месец. Доколку биде прогласен за виновен, се соочува со ефективна затворска казна од 4 до 12 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тебас со нова идеја: Натпревар од Ла Лига во Мароко?!

Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, повторно ја отвори темата за одигрување натпревари …