Дома Останати Кошарка Дамјан Стојановски потпиша за МЗТ

Дамјан Стојановски потпиша за МЗТ

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Дамјан Стојановски повторно е член на МЗТ Скопје Аеродром, откако потпиша нов едногодишен договор со шесткратниот првак.

Ова всушност е и продолжување на неговиот престој во сино-белиот табор по едногодишната пауза, која 29-годишниот бек беше приморан да ја направи по повредата на лигаментите на десното колено за време на репрезентативните настапи во ланските квалификации за ЕП 2017.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Претходно, уште од 2012 година, Стојановски беше член на „металците“ со кои дојде до четири шампионски титули (2013-2016) како и пет пехари во Купот на Македонија.

Стојановски е четвртиот играч кој има договор со МЗТ за наредната сезона. Од тимот кој ја одбрани титула под договор останаа тројца играчи, македонските репрезентативци Марко Симоновски и Адем Мекиќ и Американецот Ксавиер Тејмс.

Инаку, МЗТ вчера го именуваше Александар Тодоров за нов шеф на стручниот штаб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Проблем за Лејкерс: Дончиќ мора да паузира

Лука Дончиќ нема да биде дел од составот на Лос Анџелес Лејкерс за натпреварот против Фини…