Дома Фудбал Дали Јирген Клоп го откри својот наследник во Ливерпул? „О мој Боже, одличен е…“

Дали Јирген Клоп го откри својот наследник во Ливерпул? „О мој Боже, одличен е…“

Јирген Клоп по крајот на сезоната го напушта Ливерпул, а германскиот стручњак би сакал да го види тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо како негова замена на „Енфилд“.

Она што 42-годишникот го прави со Фармацевтите е неверојатно. Со напаѓачки фудбал „гази“ се пред себе, а синоќа Јирген Клоп му го „одобри“ доаѓањето во клубот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


“Чаби Алонсо е одличен. Тој врши неверојатна работа и не го кажувам тоа само затоа што си заминувам од Ливерпул. Ако ме прашавте истото пред осум недели, ќе реков: “О мој Боже”. рече Клоп.

„Пристигна новата генерација на тренери. Би рекол дека се издвојува Чаби Алонсо. Тој е одличен“, додаде Јирген Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бернардо Силва има рок да каже „ДА“ на Јувентус, неговиот сонародник му предлага други опции

Триесет и едногодишниот португалски играч за врска Бернардо Силва полека го завршува својо…