Победата на Реал Мадрид над Интер беше засенета со една дискутабилна ситуација при првииот гол на „кралевите“.
Бившиот фудбалер на Реал, Аштраф Хакими ја врати топката до Бензема, кој излезе сам пред Хандановиќ и постигна гол.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓутоа, во моментот кога Хакими ја враќаше топката беше под притисок на Менди, а според судиските експерти имало прекршок над играчот на Интер.
„Имаше прекршок од Менди над Хакими пред играчот на Интер да ја врати топката назад. Французинот го турка надвор од теренот и тоа е чист прекршок“,смета италијанскиот судиски експерт.
После натпреварот и тренерот на Интер, Антонио Конте имаше примедби на судиењето и ја посочи оваа ситуација.
⚽️ GOOOOOOL !!!!!!!!
— The Ronaldo Voice (@TheRonaldoVoice) November 3, 2020
? Karim Benzema
?? Come on guys !!!!!!!#RealMadridInter 1-0 pic.twitter.com/eAY4YkNSrL