Дома Останати Кошарка Дали е ова најлудиот кош сезонава во Евролигата? Погледнете што направи Словенецот

Дали е ова најлудиот кош сезонава во Евролигата? Погледнете што направи Словенецот

Фенербахче ја победи Алба Берлин со 103:68 во 32. коло од Евролигата.

Натпреварот го одбележа американскиот кошаркар Најџел Хејс, кој постигна неверојатни 50 поени за турскиот тим.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Со тоа тој стана рекордер во Евролигата бидејќи ги надмина 49-те поени на Шејн Ларкин од 2019 година.

Во продолжение на натпреварот беше забележан и еден од најлудите кошеви во оваа сезона од Евролигата, кој го постигна Словенецот Жига Самар.

На крајот на третата четвртина тој заврши на земја додека се бореше за топката и постигна кош додека седеше на подот. Тоа беа првите и единствени поени на 23-годишниот играч. Погледнете го видеото ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

НБА донесе одлука во врска со суспензијата на Дончиќ

Суперѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, ќе биде подготвен за вечерашниот натпре…