Селекторот на Хрватска Златко Далиќ најави дека ќе направи промени во составот на Хрватска во однос на претходните натпревари, а сега се најавува и како ќе изгледа стартниот состав на „коцкестите“.
Според последните најави, Далиќ има намера да ги остави на клупата Бруно Петковиќ и Анте Будимир. Триото би требало да го предводи Андреј Крамариќ, а изненадување е што од левата страна ќе напаѓаат со Лука Сучиќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ова е изненадување затоа што за 21-годишниот фудбалер на Салцбург природна позиција е плејмејкер. На Сучиќ друштво ќе му прави, Крамариќ од десната страна и Марио Пашалиќ од редовите на Аталанта.
Средниот ред на Хрватска беше критикуван по последните две средби, но Далиќ сепак нема да се откаже од нив и се очекува од првата минута да стартуваат Брозовиќ, Ковачиќ и Модриќ.
На голот ќе се најде стандардниот Ливаковиќ, а во однос на последниот натпревар ќе го нема Иван Перишиќ. Гвардиола така би се вратил на позицијата лев бек. Во последната линија ќе играат уште Станишиќ, Шутало и Ерлиќ.