Репрезентацијата на Хрватска е една од оние кои најмногу се покажаа во групната газа на Мундијалот во Русија.
Три натпревари и три победи за девет бода и прво место во групата. Противник во осмина финалето е лесниот противник, барем на „хартија“, Данска. Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ, во главата има формација за овој дуел, но една позиција го става во мислење.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Тоа ќе биде истата формација како и против Аргентина кога Хрватска победи со 3:0. Со Модриќ и Ракитиќ на средината, но Далиќ го мачи кој ќе му го „чува грбот“. Брозовиќ беше одличен против Аргентина, но Бадељ против Исланд го одигра најдобриот натпреварот во својата кариера.
Останатото ќе биде исто. На бековските позиции ќе бидат Стриниќ и Врсаљко. На стоперските позиции ќе се вратат Вида и Ловрен, бидејќи тие двајца во пар се уште не знаат како е да се прими гол. Меѓу стативите повторно ќе биде Даниел Субашиќ.
Повредата на Ребиќ не е страшна, па и тој ќе биде подготвен за дуелот против Данска. Во средниот ред ќе бидат веќе споменатите Ракитиќ и Модриќ. Што значи, Ребиќ десно, а лево ќе биде одличниот Перишиќ. Во врвот на нападот ќе биде напаѓачот на Јувентус, Марио Манџукиќ.
Еве како ќе изгледа тоа формациски: