Дома Фудбал Англија Давид Луиз откри што му кажал на Кепа кога Баскиецот одби да излезе од игра

Давид Луиз откри што му кажал на Кепа кога Баскиецот одби да излезе од игра

Mногу прашина се крена околу шпанскиот голман кој се спротистави на својот тренер.

Манчестер Сити после подоброто изведување на пенал дојде до првиот трофеј во сезоната, ја одбранија титулата во Лига Купот со победата против Челзи.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Самиот натпревар не беше премногу интересен. Цели 120 минути гледавме тактичко надмудрување на двајцата тренери и добри прилики скоро и да немаше.

Ситуацијата пред почетокот на пенал серијата крена голема прашина, кога голманот на Челзи Кепа Аризабалага одлучи да ја одбие измената.

Имено, тренерот Сари на голот сакаше да го испрати резервниот голман Вили Кабаљеро, меѓутоа како што е добро познато Кепа одби да го напушти голот, па Кабаљеро мораше да се врати на клупата.

На крајот сити беше подобар после подоброто изведување на пенали. Од завршувањето на натпреварот голем дел од фудбалската јавност испрата критики за потегот на Кепа, посебно после голот во пенал серијата кој го прими од Кун Агуеро.(тука)

Сари после натпреварот изјави дека дошло до недоразбирање, тоа го објасни и Кепа во соопштението на социјалните мрежи, но во јавноста преовладува друго мислење.

Еден од играчите кои го убедуваа Кепа да го напушти теренот беше искусниот Давид Луиз.

Бразилецот после натпреварот откри што му кажал на Баскиецот.

„Само му кажав дека мораме да ги почитуваме одлуките на тренерот. Но, не знаев дали сака да го замени поради повреда или поради тактичка одлука. Мислам дека Сари го сакаше првото“, изјави Давид Луиз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…