Чеди Осман, турскиот репрезентативец кој е роден во Охрид и често пати го истакнува своето македонско потекло одигра одлична вечер во НБА лигата предводејќи го својот Кливленд до победа против Клиперс.
Осман натпреварот против Клиперс го заврши со 29 поени и беше максимален во обидите за три поени (7/7), а на тоа додаде по два скока и асистенции.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Зад Осман беше Гарланд со 16 поени и 10 асистенции. Треба да се спомене и дека Осман со седумите тројки се искачи на шестата позиција на вечната листа на кошаркари со најмногу тројки за Кливленд.
Јанис Антетокумпо повторно беше најдобар за Милвоки и во победата против Њу Орлеанс (135:110) постигна 50 поени и додаде 13 скока со што ја обебзеди 33. победа за „елените“ сезонава.
Во последниот натпревар кој се играше изминатата ноќ Мемфис беше подобар од Индијана со 112:110.