Дома Фудбал Останато Грците се жалат: Паје играл допингуван, УЕФА знае и крие!?

Грците се жалат: Паје играл допингуван, УЕФА знае и крие!?

Грчките медиуми пренесуваат дека поранешниот репрезентативец на Франција, Димитри Паје играл допингуван во четвртфиналето од Конференциската лига, а УЕФА сето тоа го криела.

Медиумите во Грција пишуваат дека Паје паднал на допинг тест на 24 часа пред натпреварот против солунскиот гигант, но иако имал позитивен допинг-тест сето тоа било премолчено во Франција, па и во Нион. Така фудбалерот без проблеми играл во првиот натпревар на 7. април и во реваншот седум дена подоцна во Солун.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Не ни е јасно зошто УЕФА молчи за скандалот. Ова е голем преседан, а како УЕФА постапува со малите екипи големи се шансите воопшто да не бидат казнети“, се жалат во Грција.

Во овој момент не се објавува на која недозволена супстанца паднал Паје, меѓутоа оваа информација доаѓа само неколку дена откако беше објавено дека 15-тина фудбалери во Премиер лигата имале позитивни допинг-тестови, но не се преземале никакви чекори.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…