Aнтоан Гризман пред неколку дена соопшти дека на крајот на оваа сезона ќе го напушти Атлетико Мадрид.
Францускиот напаѓач минатата сезона беше на чекор од трансфер во Барселона, но на крајот одлучи да остане во Атлетико Мадрид со кој потпиша нов договор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, само една година подоцна, Гризман одлучи дека е време за заминување, а тоа го потврди со видео порака објавена на социјалните мрежи.
Но, шпанските медиуми пренесуваат дека Гризман имал поинакви планови кога е во прашање објавата дека повеќе нема да биде играч на Атлетико Мадрид. „Кадена СЕР“ објави дека тој сакал да сними документарец за заминувањето од овој клуб.
Гризмна имал идеја преку документарец да откри дека го напушта Атлетико, но таа негова идеја пропаднала кога за тоа дознале во раководството на клубот.
Тие му забраниле на Гризман да снима документарец и го убедиле дека својата мора да ја сооошти веднаш, а не да чека. Во објавата на овој шпански медиум се додава и дека сето ова се случувало во денот кога Гризман ја објавил пораката за збогување со Атлетико Мадрид.
Сега во јавноста актуелни се шпекулациите за тоа каде ќе ја продолжи кариерата, а поради тоа што минатото лето беше многу блиску до Барселона, Каталонците се прв фаворит да го доведат.