Дома Фудбал Гризман: Зошто играм подобро? Се вклучив на „Фантази“!

Гризман: Зошто играм подобро? Се вклучив на „Фантази“!

Францускиот фудбалер, Антоан Гризман одлично ја стартуваше сезоната со Атлетико Мадрид и постигна три гола на шест натпревари за Атлетико.

Новинарите ги интересираше причината за добрата форма на францускиот голгетер, а Гризман имаше интересен одговор.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Имено, напаѓачот низ шега им порача дека тоа што се вклучил во играта „Фантази“ му дава мотивација да биде подобар, за да си донесе повеќе поени.

„Се вклучив на играта „Фантази“, па тоа ми даде дополнителна мотивација“, изјави Гризман.

Инаку, ако има такви кои не знаат, „Фантази“ е популарна онлајн игра во која натпреварувачите прават тим и собираат поени во зависност од настапот на фудбалерите во реалноста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул ќе излезе на пазарот – Опцијата е една

И покрај потрошените 450.000.000 евра во текот на летото, Ливерпул, изгледа, ќе мора допол…