Дома Трансфер зона Гризман: До сабота ќе одлучам каде ќе играм

Гризман: До сабота ќе одлучам каде ќе играм

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман веќе некое време се поврзува со трансфер во Барселона, а дали тоа ќе се случи, како што тврди играчот, ќе се знае до сабота, кога шпанците го играат првиот натпревар на СП.

Гризман е главна мета на Каталонците во овој преоден рок, а за значењето на неговото доаѓање на Камп Ноу зборуваше и првата ѕвезда на тимот Лео Меси.

Сепак, се прашува и Атлетико. Тренерот на тимот Диего Симеоне не сака да се откаже од најдобриот играч, и затоа спрема понуда со што ќе го направи најплатениот играч на денешницата.
Како ќе се заврши целата приказна би требало да се знае во текот на следната недела.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Почнаа да ме нервираат тие приказни. Светското првенство почнува во сабота, тогаш го играме првиот натпревар, така да ќе се знае до тогаш. Поточно, се надевам дека ќе биде така. Сакам пред Мундијалот да знам каде ќе играм следната сезона.“ – изјави Гризман.

Околу неговиот статус зборуваше и селекторот Дешам, кој даде непрецизен одговор:

„Имам информации дека останува во Шпанија.“

Гризман ќе биде еден од најважните играчи на Франција на Мундијалот во Русија. Вицешампионот на Европа се наоѓа во групата Ц со Данска, Перу и Австралија, со која го игра првиот натпревар на 16. јуни.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…