Откако раководството на Реал Мадрид го продолжи договорот со Тони Крос, шпанските медиуми пренесуваат дека следен е Герет Бејл.
Велшкиот репрезентативец ќе потпише нов договор со „кралскиот“ клуб до 2022-ра година, а откупната клаузула во неговиот договор наводно ќе изнесува неверојатни 500 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сегашниот договор на Бејл истекува во 2019-та година, но тој веќе неколку месеци преговара со клубот за продолжувањето на соработката, а медиумите тврдат дека наскоро ќе биде официјализиран новиот договор.
Со ова ќе се стави крај на шпекулациите за наводно враќање на Бејл на Островот, бидејќи новата клаузула во договорот е астрономска.
Герет Бејл пристигна во Реал Мадрид во 2013-та година од екипата на Тотенхем за тогашниот трансфер рекорд од 100 милиони евра. Во Мадрид Бејл освои две титули во Лигата на шампионите, еден Кралски куп, Светско клубско првенство и европски Суперкуп.