Дома Трансфер зона Го платија 30 милиони, одигра 15 минути, па заминува на позајмица!

Го платија 30 милиони, одигра 15 минути, па заминува на позајмица!

Габриел Барбоса – Габигол ова лето пристигна во Интер како големо засиливање, но одигра само 15 минути и во јануарскиот преоден рок ќе го напушти „Џузепе Меаца“.

Иако до сега одбиваше да биде испратен на позајмица, неговиот агент потврди дека Бразилецот не е среќен во Интер и во јануари ќе ја промени средината.


Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека Габигол го избрал Лас Паламас како негова следна дестинација и во јануари ќе замине на 6-месечна позајмица во шпанскиот клуб.

Интер е отворен да го испрати на позајмица Бразилецот но преферира тоа да биде во Италија (Емполи или Пескара) со цел Габигол да се навикне на италијанскиот фудбал и ритамот во Серија А.

Во секој случај Габигол останува мистерија како играч кој е платен 30 милиони евра во текот на една полусезона да добие минутажа од само 15 минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан лесно се откажа од него, сега го сакаат Ливерпул и Реал

Ливерпул и Реал Мадрид покажуваат сериозен интерес за белгискиот репрезентативец Чарлс де …