Изненадување беше денешната вест од Островот за заминувањето на директорот на Арсенал, Еду Гаспар.
Но, англиските медиуми сега објавуваат дополнување на оваа информација кое е и поголемо изненадување. Наводно, Еду го напушти Арсенал за да се приклучи на Нотингем Форест.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според информациите тој од грчкиот бизнисмен Марианакис добил трипати поголема плата за да биде главен во неговата мрежа на клубови. Освен Нотингем Форест, Еду би имал влијание и во Рио Аве и Олимпијакос кои исто така се во сопственост на грчкиот бизнисмен.
На Островот не се открива каква била платата на Еду во Арсена, но таа сигурно не била мала.