Дома Фудбал Останато Го имаме баксузот на 2019: Во една сезона два пати испадна од лига!

Го имаме баксузот на 2019: Во една сезона два пати испадна од лига!

Кога би се избирал баксуз или малер за 2019 година таа титула сигурно ќе оди кај Норвежанецот кој е анонимец за пошироката фудбалска јавност, Том Нордли.

Нордли во едно чудно сценарио во норвешките лиги „успеа“ да испадне во понизок ранг со два клуба. Тој како тренер на Скеид требаше да го спаси клубот од испаѓање, но место тоа испадна од лигата во понизок ранг.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Кога заврши регуларниот дел во плеј-офот беше викнат на помош во Лилестром. Овој клуб играше плеј-оф за опстанок во клубот очекуваа дека Нордли ќе ги спаси, меѓутоа му се повтори сценариото од Скеид – испадна и со овој клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Граѓаните бараат од Гвардиола да донесе одлука веднаш

Раководството на Манчестер Сити побара од менаџерот на Тимот, Пеп Гвардиола, да ги открие …