Дома Фудбал Англија „Го гледав видеото и не ми се верува дека тоа над Погба беше пенал“

„Го гледав видеото и не ми се верува дека тоа над Погба беше пенал“

Спорниот момент од вчерашниот натпревар помеѓу Манчестер Јунајтед и Астон Вила (2:1) кога Пол Погба изнуди пенал е нешто што се коментира во англиската јавност.

После тренерот на Астон Вила (тука) се огласи и Даглас Луиз кој беше во тој дуел со Погба. Тој не може да поверува дека тоа било карактеризирано како пенал.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„Знаев дека не беше пенал уште веднаш, а кога го видов видеото после натпреварот не можев да верувам дека со ВАР е досуден таков пенал. ВАР е тука да ни помага и ајде да го користиме на правилен начин. Вакви грешки некои клубови можат скапо да ги платат“, порача Даглас Луиз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Комедија во Кратово: Фудбалер на Силекс на ужасниот терен промаши празен гол! (Видео)

Условите за игра во Кратово попладнево на дуелот помеѓу Силекс и Арсими се ужасни и фудбал…