Легендарниот капитен на Челзи, Џон Тери е блиску до потпишување договор со Астон Вила, пренесуваат англиските медиуми.
Џон Тери по завршувањето на сезоната го напушти Челзи, но нема да оди во пензија. Според најавите на „Скај Спорт“ во наредните 48 часа ќе стане член на тимот од Бирмингем и неделно ќе заработува 68.000 фунти.
36-годишниот Тери од 1995 година беше дел од клубот од „Стенфорд Бриџ“, а за првиот тим дебитираше во 1998 година и тоа токму против Астон Вила во Лига Купот.
Астон Вила минатата сезона го освои разочарувачкото 13-то место во Чемпионшип, а раководството ова лето прави тим за да се врати во елитното друштво.