Дома Трансфер зона Готово: Јоветиќ на прегледи во Севиља!

Готово: Јоветиќ на прегледи во Севиља!

Напаѓачот на Интер Стеван Јоветиќ до крајот на сезоната ќе игра како позајмен фудбалер на Севиља, откако двата клуба постигнаа договор.

Јоветиќ не добиваше шанса кај „нероаѕурите“ оваа сезона и реши да ја промени средината, а Севиља покажа најсилен интерес за неговите услуги.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Имено, шпанскиот клуб постигна договор со Интер за шестмесечна позајмица на Црногорецот со право на откуп на крајот на сезоната.

Јоветиќ денес пристигна во Севиља на медицински прегледи и набрзо треба и официјално да стане члена на клубот од Андалузија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…