Шпанските и француските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид и ПСЖ договориле трампа и во секој момент се очекува официјална потврда.
Кејлор Навас во наредните часови би требало да се пресели во Париз, а Реал за возврат ќе го добие голманот на ПСЖ, Алфонс Ареола.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Костариканецот по пет години реши да замине од Реал Мадрид, каде што го загуби местото на прв голман. Од друга страна во Париз ќе добие и побогат договор, односно 7 милиони евра по сезона.
Меѓутоа, „кралевите“ нема да останат со празни раце и го добијат Ареола, кој ќе ја има улогата на втор голман во Мадрид.
Францускиот голман веќе се соочи со ситуација да биде ротиран со Џиџи Буфон, па во Мадрид повторно ќе се бори за минутажа со Тибо Куртоа.