Иако овие денови Кристиано Роналдо и младиот голман Џиџо Донарума се главни теми во спортските медиуми, сепак не е заборавен ни Златан Ибрахимовиќ.
Откако Манчестер Јунајтед официјлно соопшти дека нема да му понуди нов договор имаше многу полемики околу неговата иднина. Медиумите лицитираа со имиња на неколку европски гиганти, но Ибра најверојатно ќе се пресели во МЛС лигата.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Денес „Скај Спорт“ пренесува дека е позната иднината на Ибрахимовиќ и дека кариерата ќе ја продолжи во Лос Анџелес.
Имено, спортската марка на Ибра „A-Z“ беше отворена минатата година и веќе стана планетарно позната. Утрово беше објавен Твит со порака: „Патувањето продолжува, добредојдовте во Лос Анџелес“.
Ова не мора да значи дека Ибрахимовиќ сигурно ќе премине во ЛА Галакси, но медиумите така го толкуваат овој потег.
The journey continues. #azbyzlatan pic.twitter.com/PbbJTNil6p
— AZsportswear (@AZsportswear) June 21, 2017