Иако Реал првично не сакаше да ја прифати понудата од Манчестер Јунајтед за Алваро Мората, двата клуба конечно пронајдоа заднички јазик и Мурињо ќе го добие посакуваното засилување во нападот.
Мадридски „АС“ потврди дека е постигнат договор и дека Мората во наредните 48 часа ќе стане фудбалер на Манчестер Јунјатед, а веста ја потврди и „Сан“ кој откри дека Шпанецот во четврток ќе пристигне во Англија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Манчестер Јунајтед за потписот на Мората ќе плати приближно 80 милиони евра и ќе биде второ засилување за „црвените ѓаволи“ ова лето после Виктор Винделоф.
Мората моментално е на Сардинија со својата сопруга, но во четврток ќе пристигне во Манчестер на медицински прегледи, а потоа ќе потпише 4-годишен договор со „црвените ѓаволи“.
Со овој трансфер ќе биде остварена најголемата трансфер желба на Мурињо ова лето, а Манчестер Јунајтед ќе добие нова „деветка“.