Англиските медиуми пренесуваат дека Гвардиола е сериозно заинтересиран за играчот за врска на Реал Мадрид, Иско.
„Дејли Мирор“ тврди дека Гвардиола го контактирал Иско и дека играчот изразил желба да му се придружи на каталонскиот стратег на „Етихад“.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Имено, шпанскиот плејмејкер поради тоа ги одбил Јувентус и Тотенхем и на крајот на сезоната најверојатно ќе стане „граѓанин“.
Договорот на Иско со Реал истекува во 2018 година, а поради фактот што одби да го продолжи „кралевите“ нема да се противат на неговото заминување.
Се претпоставува дека трансферот ќе изнесува помеѓу 30 и 35 милиони евра.