Според англискиот весник „Сан“, Антоан Гризман се договорил со Манчестер јунајтед и од следната сезона ќе се пресели на Олд Трафорд.
Французинот беше прва трансфер цел на Мурињо, и по речиси една година конечно се реши сагата околу неговата иднина.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Медиумите тврдат дека „црвените ѓаволи“ за неговиот потпис ќе платат 100 милиони евра, а Гризман веќе договорил четиригодишна соработка и неделно ќе заработува 280.000 фунти.
Трансферот ќе биде официјализиран веднаш по завршувањето на сезоната, а комплетирањето на овој трансфер пред почетокот на преодниот рок, ќе му овозможи на Мурињо да се фокусира и на други засилувања.