Приказната меѓу Интер и Мауро Икарди изгледа дека е завршена, бидејќи аргентинскиот напаѓач на крајот од сезоната најверојатно ќе го напушти овој клуб.
Икарди веќе месец дена е надвор од сите планови на Лучијано Спалети и натпреварите на овој клуб ги гледа од трибините. Се започна откако што му беше одземена капитенската лента, а по тоа Аргентинецот одби да тренира и игра. Прво рече дека не може да игра поради повреда на коленото, а потоа прегледите покажале дека не ја зборува вистината. Сепак, Икарди се уште го нема во екипата, а приказната за повредата и понатаму му е прва причина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но, уште од сега е јасно дека тешко ќе може да го видиме Икарди во дресот на Интер оваа сезона и веројатно дека на лето ќе ја промени средината. Мадридскиот „АС“ објави дека Интер се откажл од нов договор и дека се спремни да го продадат Икарди. Неговата откупна цена е 110 милиони евра, но Интер ќе биде принуден дури и на помала сума. Наводно, одредиле цената за Икарди да биде 80 милиони евра, што секако е „мамка“ за многу клубови.
Тој најмногу се поврзува со трансфер во Јувентус и Реал Мадрид, но изгледа дека „Кралевите“ се поблиску до неговиот потпис. Икарди оваа сезона одигра 28 натпревари и постигна 15 гола. Последниот натпревар го одигра уште на почетокот од февруари.