Дома Топ вести Готово: Договорен трансферот на Санчез!

Готово: Договорен трансферот на Санчез!

Aлексис Санчез повеќе нема да го носи дресот на Манчестер Јунајтед откако доцна вчера вечер се договори неговиот трансфер.

Авантурата на Санчез во редовите на „црвените ѓаволи“ се завршува на неславен начин со оглед на тоа дека не ги оправда очекувањата, а негова наредна дестинација ќе биде Интер.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Италијанските медиуми доцна вчера вечер објавоја информација дека Манчестер Јунајтед и Јунајтед го договориле трансферот на Чилеанецот кој во последен време не играше како што се очекуваше од него.

Санчез во миланскиот клуб пристигна на едногодишна позајмица со обврска за откуп на крајот од сезоната. Откако ќе биде откупен Санчез ќе потпише двегодишен договор.

Така овој 30 годишен фудбалер после осум години ќе се врати во Серија А каде што претхдоно со успех го носеше дресот на Удинезе.

Во Манчестер Јунајтед пристигна во јануаро 2018 година од Арсенал за 34 милиони евра, а претходно играше за Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…