Дома Фудбал Останато Готово: ВАР влегува и во Србија!

Готово: ВАР влегува и во Србија!

Долго време се бодеше расправата, а на крајот во Србија е усвоена одлуката за воведување на ВАР системот!

Иницијативата на Партизан за воведување на ВАР во српското првенство овој пат даде резултат. На состанокот на Суперлигата кој се одржа денес изгласано е да започне процес за воведување на технологијата која е застапена скоро во сите посилни европски првенства.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Потпретседателот на Партизан Владимир Вулетиќ кон крајот на декември поднесе иницијатива за воведување ВАР технологија, така и започна расправата.

Епилогот е голема победа на Партизан. ВАР беше изгласан на собранието на клубовите на кое не присуствуваа претставници на Црвена Звезда.

На состанокот присуствувале 28 претставници од 32 клубови, но не е познато зошто претставниците на шампионот на Србија не се појавија. ФСС беше претставуван од Јован Шурабатовиќ, а споменатата 6-та точка беше иницијативата на Партизан за која Вулетиќ даде образложение и аргументи.

ВАР во Србија на сила би требало да стапи за две сезони, односно од август 2021 година.

После ова останува отворено прашањето кога веќе ВАР стигна во соседството кога и дали воопшто некогаш ќе биде воведен во Македонија. Посебно актуелно прашањето во македонската фудбалска јавност за воведувањето на оваа технологија стана откако на последното дерби помеѓу Шкендија и Вардар не беше признаен чист погодок за црвено-црните.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Донарума од Париз сака само во еден од овие два клуба!

Џанлуиџи Донарума би можел да го напушти ПСЖ летово!  Италијанецот влегува во последната г…