Голден Стејт со победа од 118:113 над Хјустон Рокетс ја доби полуфиналната серија (4-2) и се пласираа во 5-то последователно финале во Западната конференција.
Од самиот почеток беше неизвесно, а Хјустон по првата четвртина имаше водство од 28-27, но на полувремето семафорот покажуваше 57-57.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во продолжение од мечот Хјустон стигна до седум поени предност, но Голден Стејт одговори на тоа и направи пресврт.
Секогаш кога на тимот му е најтешко, Стеф Кари е тука за да ја преземе контролата. Во второто полувреме постигна 33 поени што се покажаа како клучни за победата. Неговиот партнер од бековската линија, Клеј Томпсон, погоди седум тројки и ја заврши вечерта со 27 поени.
https://youtu.be/Eza__Mj3Ids