Во втората половина на 90-тите години Кристијан Виери беше помеѓу најдобрите напаѓачи во светот.
Виери во сезоната 1997/1998 го носеше дресот на Атлетико Мадрид каде што пристигна од Јувентус. Сега 20 години подоцна Италијанецот раскажа интересна анегдота од тој период.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред натпреварот од Купот на УЕФА Виери на тогашниот претседателот на „јорганџиите“ му кажал дека ако на ПАОК му даде хет-трик за подарок сака ни помалку ни повеќе Ферари 550 Маранело.
„Преку Паоло Футре, омилениот играч на Хесус Жил му кажав на претседателот дека ако постигнам три гола очекувам за подарок Ферари 550 Маранело. Футре после после разговорот ми кажа дека ако тоа го направам, автомобилот е мој“.
„Се сеќавате на мојот гол од корнер знаменцето. Целиот свет тогаш го гледаше и се воодушевуваше, но никој не знаеше дека е вреден цело Ферари“, раскажа Виери.
Инаку, Ферари 550 Маранело во тие години вредеше околу 200.000 евра што за тоа време во фудбалот беше огромна сума. Виери таа сезона ја заврши како најдобар стрелец во Ла Лига со 24 гола и потоа премина во Лацио.