Премиер лигата започна на фантастичен начин, па уште во првиот натпревар денес помеѓу Ватфорд и Ливерпул видовме шест гола, а двата клуба ги поделија бодовите.
Окака ги шокираше „црвените“ и го донесе Ватфорд во водство уште во 8-та минута. Мане изедначи на 1-1 по еден час игра, но Докуре одново го врати Ватфорд во водство само две минути подоцна.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во второто полувреме Ливерпул тргна фуриозно и брзо направи пресврт. Најпрво Фирмињо од пенал погоди за 2:2, а неколку минути подоцна целосен пресврт донесе Мохамед Салах.
Сепак, кога се чинеше дела Ливерпул ќе ги освои трите бода, во 92-та минута Бритос постигна гол за 3:3 и голем бод за домаќините.
Голот на Бритос во судиското продолжение предизвика полемики, бидејќи беше постигнат од сомнителна офсајд ситуација.