Aлександар Головин, играчот за врска на ЦСКА и репрезентативец на Москва.
Играчот за врска во целост созреа, а многу се пишува за него после неговиот прв настап против Саудиска Арабија каде што беше еден од најдобрите поединци во селекцијата на Русија која ги совлада Саудијците со убедливи 5:0.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус веќе долго време е заинтересиран за овој фудбалер, се пишуваше и дека веќе „старата дама“ има постигнато договор со фудбалерот и дека преостанува да се договорат само двата клуба.
Сепак неговиот татко откри дека во овој момент неговиот син размислува само на Мундијалот, но спомена и една важна информација.
„Сигурен сум дека мојот син може да игра на највисоко ниво. Ќе му биде тешко со нов јаизк, но веќе започна да учи англиски“, изјави неговиот татко.
Дали ова нешто значи или пак одлучил да го учи англискиот јазик како универзален останува да видиме.