Дома Фудбал Останато Лоши вести за Монако: Се повреди Головин!

Лоши вести за Монако: Се повреди Головин!

Новата аквизиција на Монако, Александар Головин заработи повреда и ќе биде надвор од терените најмалку еден месец, пренесоа руските медиуми.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Монако преку својот официјален профил потврди дека Головин на денешниот тренинг го повредил глуждот на десната нога и дека утре ќе му бидат направени детални прегледи.

Головин блесна на Мундијалот и за 30 милиони евра од ЦСКА Москва трансферираше во Монако, како најголемо засилување на клубот од „кнежевството“ ова лето.

Поради тоа отсуството на Головин со сигурност ќе биде голем удар за Монако, кој сезоната ја започнува викендов со гостувањето против Нант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Еден куп голови во полуфиналето: Астон вила и Фрајбург ќе се борат за титулата во Лига Европа (Видео)

Англискиот премиерлигаш Астон Вила и германскиот состав Фрајбург ќе се борат за трофејот в…