Дома Фудбал Останато Голманката за која се тврди дека е маж: Жена сум, мој единствен грев е што не сум убава

Голманката за која се тврди дека е маж: Жена сум, мој единствен грев е што не сум убава

Фудбалскиот сојуз на Јордан испрати жалба до Азиската фудбалска конфедерации и тоа поради голманката на женската селекција на Иран Зохра Коудаеи.

Тие сметаат дека таа не е жена туку маж и побараа проверка на полот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Ваквите обвиненија се само изговор да не се прифати поразот против нашата репрезентација. Од репрезентацијата на Јордан тврдеа дека се големи фаворити против нас, а кого изгубија почнаа да измислуваат неверојатни приказни. Не можат да го прифатат поразот и да преземат одговорност. Лекарскиот тим ги прави сите тестирања за да се избегнат вакви обвиненија“, изјави селекторката на Иран, Марја Ирандост.

После се се огласи и Зохра Коудаеи.

„Жена сум! Ова е апсолутно вознемирување од страна на Јордан. Ќе ги тужам. Мој единствен грев е што не сум убава. Поради тоа сум ударна вест. Жал ми е што е така“.

Инаку, иранскиот тим и во минатото се соочуваше со слични обвинувања. Во 2015 година под сомневање беа дури осум фудбалерки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ендрик се враќа експресно во Реал Мадрид!?

Бразилскиот напаѓач Ендрик, кој на почетокот на јануари пристигна како позајмен играч во Л…