Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез (33) беше на чекор од трансфер во редовите на Јувентус.
Суарез ги договори личните услови со гигантот од Торино, но бидејќи бараше од Барселона да биде исплатен со целата сума од неговиот договор остана во Каталонија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради тоа Јувентус се насочи кон други мети и Суарез повеќе не е приоритет.
Ако им веруваме на шпанските медиуми помеѓу Барса и Суарез се случил и пресврт и сега Уругваецот ќе биде кандидат за почетниот состав. Роналд Куман наводно смета на услугите на овој 33 годишен напаѓач и според информациите тој би можел да биде прв избор во нападот.
Ова секако е голем пресврт затоа што Суарез беше отпишан од страна на клубот, но очигледно работите се промениле и Суарез сега би можел да остане во клубот до крајот на договорот (јуни наредната година).
Суарез во Барселона пристигна во 2014 година и на 283 натпревари постигна 198 гола.