Дома Фудбал Италија Голем потег на Милан: Му понуди нов договор на Ибра после операцијата

Голем потег на Милан: Му понуди нов договор на Ибра после операцијата

Милан денес потврди дека Златан Ибрахимовиќ извршил операција на лигаментите на коленото и му следува долга пауза.

Од клубот потврдија дека операцијата била предвидена од претходно за конечно решавање на проблемите на коленото, кои го мачеа цела сезона, па му следува пауза од 7-8 месеци.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Меѓутоа, тоа нема да биде крај на кариерата за Златан, бидејќи Милан му понудил нов, едногодишен договор тежок 2,5 милиони евра.

Милан во знак на благодарност му нуди на Ибра да се рехабилитира и да се врати во јануари со да го одигра вториот дел од сезоната, за да може да се пензионира на терените како што му доликува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Косово во исчекување на историска ноќ: Фудбалерот што ќе го постигне победничкиот гол ќе добие награда за помнење

Косово во вторник игра најголем натпревар во својата историја. Во Приштина пристига Турциј…