Дома Македонски спорт Голем интерес за Миовски: Пристигнале понуди од Полска, Белгија, Швајцарија, Русија и Шкотска!

Голем интерес за Миовски: Пристигнале понуди од Полска, Белгија, Швајцарија, Русија и Шкотска!

Тимот на МТК според информациите на унгарските медиуми одбил повеќе понуда за македонскиот напаѓач Бојан Миовски кој е пред заминвуање од клубот.

За Миовски имало понуди од Русија, Полска, Белгија и Швајцарија меѓутоа сите понуди биле одбиени. Една од последните понуди наводно била понудата на Мол Фехевар, клуб кој се поврзува и со Никола Серафимов.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Покрај овие понуди тука била и од шкотскиот Абердин кој можеби изгледа како најпримамлива опција. Абердин веќе се засилил со играч на МТК.

Миовски за тимот кој испадна од елитната лига во Унгарија сезонава постигна девет гола и подели шест асиостенции на 29 натпревари. Во редовите на МТК настапува две сезони, а пристигна од Ренова.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…